Владата информираше дека министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска (понеделник, 23.03.2020 година), во 15:00 часот, ќе одржи прес-конференција.
Инаку, до денеска во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.