Филипче: Лажна вест е дека набавката е завршена, сериозно обвинување е дека вонредната состојба се користи за било ваков бенефит

Прво лажна вест е дека набавката за респираторни машини е завршена, одговори министерот за здравство Венко Филипче, на новинарско прашање.

– Министерството за здравство има обврска да го прати ширењето на лажните вести. Особено во оваа ситуација која што е многу осетлива, која што граѓаните многу будно ја пратат и може да створи паника- рече Филипче.

Да кажете дека е завршена една јавна набавка и дека е прифатена некоја несоодветна голема цена, а тоа не е така, тоа е клевета, рече Филипче.

– Набавката не е завршена, допрва следи аукција на намалување на цените. Не е вистина дека се се држи во тајност или се користи некоја ситуација. Има стручни служби во здравството кои со години работат во таа сфера на јавни набавки и ги пратат апсолутно сите законски прописи Вонредната состојба е воведена со цел да се заштити здравјето на граѓаните, сериозно обвинување е дека таа се користи за било каков бенефит, ќе направиме сè што треба за да ги озбезбедиме капацитетите- дециден беше министерот.

Излегувам секој ден пред јавноста, токму заради вакви работи, да нема разни обвинувања, шпекулации, потенцираше Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e