Филипче: Клиниката за неврологија денеска доби 25 монитори за следење на виталните параметри

Клиниката за неврологија денеска доби 25 монитори за следење на виталните параметри на пациентите, 50 пулс оксиметри и 50 инфрацрвени термометри од Светската здравствена организација.
Станува збор за донација во висина од 2,5 милиони денари и истата ќе биде од голема помош за установата. Упатувам огромна благодарност до СЗО, за целиот овој изминат период на помош и поддршка при справувањето од КОВИД-19 вирусот. Да ги почитуваме препораките на СЗО и да излеземе заеднички како победници од оваа борба. – порача министерот за здравство Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e