Февруари потопол за два до три степени од нормалното – Детална анализа на Поповски

Според најновите анализи кој ние ги направивме укажуваат дека месец февруари оваа година ќе биде потопол од нормалата, истиот ќе биде потопол за два до три степени, сепак врнежите ќе бидат нешто над просекот, односно треба да има нешто повеќе врнежи:

Потопло од нормалата како што може да погледнете на метеоролошката карта ќе биде речиси насекаде на Балканот но и во источните предели од континентот.

Постудено од нормалата ќе биде во северните и североисточните предели на Европскиот Континент, како и во северозападна Европа.

Инаку како што и најавивме во овие први денови под влијание на изразено јужно и југозападно воздушно струење ќе имаме невообичаено високи температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени, исто така поради ваквото струење од Сахара кон нашата држава ќе се врши транспорт на прашина и на песок и сето ова ќе услови атмосферата да биде заматена.

Високите температури на воздухот ќе условат значително и брзо топење на снежната покривка.

Сепак да напоменеме дека и покрај оваа долгорочна анализа на времето, не се исклучува можноста и понатаму да имаме продори на многу студен воздух од северот и од североистокот на Европскиот Континент.

Подготви: Славчо Попоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e