Јас сум веројатно последната будала што прифатила да биде државен јавен обвинител, изјави во 2006 година тогашниот Јавен обвинител на Македонија, Александар Прчевски.
Но, оттогаш уште двајца обвинители седнаа во неговата фотелја. Негов наследник беше Љупчо Шврговски, а по него и се уште актуелниот Марко Зврлевски.
Како се избираа Јавните обвинители на РМ
Александар Прчевски во 2003 година беше именуван за државен јавен обвинител на седница на Собранието со 58 гласа „ЗА“.
Прчевски на функцијата дојде од местото судија на Основниот суд во Битола, каде што претходно ја вршел и должноста претседател. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои во тоа време беа опозиција, се изјаснија против предлогот од Владата, а нивните аргументи беа дека Прчевски бил некомпетентна личност, ја злоупотребил судската функција во аферата ТАТ, и бараа и повлекување на предлогот.
Пратениците од СДСМ и ЛДП сметаа дека ваквите сомневања за кандидатот, искажани пред тој да почне да ја врши функцијата, се непотребни, бидејќи времето ќе покаже дали е добар избор.
Така и беше. Прчевски ја задржа функцијата само три години, иако мандатот му беше шест. Тој остана запаметен по неговата историска изјава, за начинот на избор на Јавниот обвинител на РМ.
„Со предлогот врховниот државен обвинител да го избира Собранието по предлог на Владата, ќе продолжи досегашната практика по смената на власта незаконски да се менуваат и обвинителите затоа што се или не се припадници на одредена партија. Државниот обвинител повторно ќе биде на ветрометина и со смената на власта ќе остане на улица. Ако се усвои ова решение веројатно веќе никој нема да сака да ја прифати оваа функција, а јас веројатно сум последната будала што ја прифатила“, рече Прчевски.
Така и беше. Прчевски беше разрешен на собраниска седница во 2006 година, по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ. За разрешувањето на Прчевски гласаа 60 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, НСДП, ЛП и ДПА. Аргументите на ВМРО-ДПМНЕ тогаш беа дека смената на Прчевски е почеток на менувањето на работите во позитивна насока.
Целиот текст на Фактор прочитајте го тука