Одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, повторно да не му го додели мандатот на Зоран Заев, за кого се договорија четирите партии да биде кандидат за премиер со парламентарно мнозинство, Европските социјалисти најостро ја осудуваат и повикуваат претседателот да се придржува до Уставот на Република Македонија и да не наоѓа изговори со кои ќе го спречи Заев во преземањето на функцијата.
Потпретседателот на групата на Европските социјалисти во ЕП, Виктор Боштинару, изјави:
Тонино Пицула, известувач во сенка на Европските социјалисти во Македонија, додаде:
„Сега се докажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направат се за да ја избегнат одговорноста пред Специјалното Обвинителство за нивните незаконски активности, кои сите ние можевме да ги слушнеме од прислушуваните разговори. Европа сега мора јасно да каже дека ова не е прифатливо, и да го повика претседателот Иванов да дејствува на одговорен начин за иднината на својата земја. Ние го осудуваме тоа што претседателот и ВМРО-ДПМНЕ со незаконски средства ги подгреваат етничките тензии во земјата само за да останат на власт. Апелираме до нив да го почитуваат исходот на изборите и фактот дека опозицијата, заедно со албанските партии, формираа парламентарно мнозинство“