Еве што ќе читате во „новогодишниот “ Фокус!

Најновиот број на политичкито неделник „Фокус“ донесува:

Naslovna-1212-1213

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Настаните што не очекуваат во 2019, воопшто не ветуваат дека тоа би можело да биде година во која политиката ќе му отстапи простор на животот. Зашто, големите теми нема да не одминат, ниту, пак, Заев ќе добие посакувано време исклучиво да и се посвети на економијата. Па сепак, епските теми нема да може да ги користи како оправдување за евентуалните неуспеси

ДОБИТНИЦИ И ГУБИТНИЦИ ВО 2018 ГОДИНА
Настаните во домашната и надворешната политика и во судството беа доминантни теми што ја одбележаа 2018 година во Македонија. „Фокус“ направи кус избор на најголемите добитници и најголемите губитници во овие области изминатата година

ЖИВКО МУКАЕТОВ: ИЗМОРЕНИ СМЕ ОД ПОЛИТИКА, НИ ТРЕБА ЖИВОТ СЕГА И ВЕДНАШ
Во интервју за „Фокус“ со првиот човек на „Алкалоид“ разговаравме за неговиот пат низ хиерархијата на компанијата, ангажманот во елитното друштво на Млади глобални лидери, за развојот на „Алкалоид“ како општествено одговорна фирма. За приоритетни области на државно ниво, Мукаетов ги истакнува образованието и здравството, кои прописно ги еродираме

ЦРНО МОРЕ, ЦРНИ СЦЕНАРИЈА
Директниот воен судир како неопходна крајна фаза од расчистувањето на украинско-руските ненадминливи разлики може да се случи и утре, а може да почека и десетина години. Во секој случај, за него постојат две константи: сигурно ќе го има и сигурно ќе биде братоубиствено крвав – во вистинското значење на зборот

НАЈВАЖНОТО ПРАШАЊЕ ЗА 2019
Ако се прифати тезата дека Грција е веќе тројански коњ на Русија во НАТО, има смисла да се тврди и дека дел од процесот на саботажа е и напорот на Грција во НАТО да внесе и држава (Македонија) која иако не сака, ќе биде така вешто изманипулирана да стане уште еден тројански коњ во редовите на Алијансата!

 

Колумнисти:

Ѓорѓи СПАСОВ
Голема грешка ќе биде ако поради кои било причини и поради чии било барања, СДСМ не ја искористи сегашната грогираност на опозицијата, да добие чист мандат за спроведување на својата програма преку организирање парламентарни и претседателски избори на ист датум!

Денко МАЛЕСКИ
И додека во Америка загрозените демократски институции им се спротивставуваат на автократските манири на Трамп, во Македонија никогаш немало кој да им се спротивстави на автократските тенденции на политичарите. Откога ќе пробијат до власта, нема институции способни да ги спречат целосно да ја узурпираат

Сашо ТАСЕВСКИ
Ќе ја дочекаме последната Нова година како Македонци во постАСНОМска Република Македонија. Од 2019 ќе живееме во трета држава Република Северна Македонија, официјална држава на неколку раскарани племиња, ѓомити граѓани, а под кожата неандерталци, кои нема да знаат каде тераат и ќе доцртуваат нови внатрешни граници

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Македонија не е само заробена држава, туку, што е уште пострашно, таа е заробено општество. Промената на власта не придонесе многу за промена на таквата состојба или барем за промена на перцепцијата за таквата состојба. А тоа е поразително

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во годината која ќе настапи, Македонија влегува во лимбо состојба. Замижавме пред „Нема правда, нема мир“, романтичниот слоган на „Шарената револуција“, ама зар имаше друго чаре за опстанок на државата?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e