Екс премиерот, Никола Груевски требаше доброволно да се јави во затворот во Шутка за одлежување на казната затвор од 2 години, според случајот на СЈО, “ТЕНК“. Судските служби во текот на денешниот ден се обидоа да му ја достават одлуката на Кривичниот Совет, каде се одбива барање против одлуката на судијата за извршување санкции за одложување на казната.
