Еве до кога ќе трае топлото време!

Првите денови на месец март поминуваат во знакот на невообичаено топло време за овој дел од годината и со рано – летни температури на воздухот а ваквата ситуација е поради продорот на многу топла воздушна маса од северните предели на Африка и токму ова ќе потрае до понеделник доцна попладне и навечер кога нашата територија ќе подпадне под влијание на влажен и постуден воздушен бран проследен со врнежи од дожд и снег на планините како и со засилен северен ветер.

Инаку пак овој невообичаен топол бран кој не зафати е поради силниот циклонски систем кој овие денови ќе биде стациониран над северозападните предели на Европскиот Континент и истиот ќе се движи во правец кон источна и североисточна Европа.

Максималните дневни температури пак кај нас до крајот на оваа недела ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени додека во најтоплите региони истите ќе се искачат до 25 степени, поради југозападното воздушно струење од Сахара кон Македонија ќе се изврши транспорт на прашина и на песок а времето ќе биде стабилно, сончево повремено со умерена облачност, локално и со позначителна повремена облачност а само во сабота има услови за сосема слаб, локален и краткотраен дожд а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен и западен како и од јужен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Подготви: Славчо Попоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e