ПОТВРДА НА ОЧИГЛЕДНОТО
Во заклучоците на Парламентарното собрание на Советот на Европа за предвремените парламентарни избори во Македонија е наведено: „Уверливи сомневања за заплашување на гласачите, широко распространет притисок врз државните службеници, купување гласови, присилба и злоупотреба на административните ресурси опстојуваа во текот на кампањата. Ова вклучува директни закани за губење на работни места за оние кои нема да гласат како што се бара“. Ете потврда на она што го слушавме и сеуште го слушаме од нашите пријатели вработени во администрацијата, од нашите колеги, пријатели и познаници кои имаат вработени деца или брачни другари во државните институции, на она на што ни укажуваа невладините организации кои ги следеа изборите и предизборната кампања, на она што го слушавме на независните телевизии и читавме од независните печатени и електронски медиуми. Ете како арамиската гарнитура освоила најмалку 100 до 150 илјади гласови повеќе отколку што објективно можела да обезбеди од нејзините членови и симпатизери. Ете како таа „победила“ на изборите.
Фејсбук статус на Темелко Ристески, декан на факултетот за правни науки при универзитетот ФОН