Почитувани поддржувачи,
Почитувани дами и господа,
Би сакала да ве известам дека мојот мандат како пратеник во Собранието на Република Македонија завршува денес. Во текот на изминатите осум години ја имав честа и обврската да ви служам и да работат за решавање на проблемите и реализација на вашите потреби. Денес заврши овој пат полн со предизвици и одговорност за мене.
Би сакала, исто така, да ја информирам јавноста дека почнувајќи од денес, јавно поднесов оставка од сите мои политички функции во Демократската унија за интеграција.
Почнувајќи од денес, јас, Емира Мехмети, сум слободен граѓанин и не ја претставувам ниту една партија. Сите симболи и политичката иконографија, почнувајќи од денес и во деновите што доаѓаат, ќе бидат отстранети од мојата официјална фан страна на Фејсбук.
На крај, дозволете ми да ви честитам Среќна Нова 2017 Година и да ви посакувам на сите здравје, просперитет и благосостојба!
Со почит,
Емира Мехмети
Фејсбук статус на Ермира Мехмети