Почитувани соборци, другари и другарки,
Режимот е ранет, ѕверот е на колена!
Со Вашата посветеност и макотрпна работа, и покрај притисоците, уцените и заканите, во нашата ИЕ 3 од 56000 гласови во 2014 – та, вчера освоивме 82 000 гласови.
Гласови дадени од срце, гласови за правда, за слобода, за владеење на правото, за неселективни и функционални институции, гласови за враќање на младите, за повисок стандард, гласови ЗА ЖИВОТ. 82000 гласови ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!
Овој резултат покажа дека ИЕ3 препозна иднина и одбра живот.
На режимот, сите ние заедно му покажавме дека тројката сака промени, и доколку немаше страв и притисоци, резултатот ќе беше многу поголем.
Ние разбираме дека тешко се откоренува диктаторски систем кој што е граден 10 години. Систем во кој што секој е уценет со нешто, но ете, режимот е тешко ранет.
Драги соборци, битката продолжува!
Ги немаме нивните пари, институции, и не го користиме нивниот злосторнички систем на уцени и закани.
Ние настапуваме и се бориме со срце, затоа што имаме ВИЗИЈА, имаме ПЛАН !
Ние се бориме за СЛОБОДА и ПРАВДА ! За ЖИВОТ !
Продолжуваме сите заедно до конечната пресметка. До конечната победа и слобода!
Борбата продолжува! Се бара трпение!
И ќе ги победиме!
До крај!
Фејсбук статус на Емил Јорданов, регионален координатор на СДСМ во Изборната единица 3