Да Илија, се согласуваме, Кочани не е истиот град … Од Кочани и кочанскиот регион се иселени 6000 граѓани, бројот на новородени бебиња во споредба со 2006 е намален за 30% а бројот на првачиња, деца родени во ваше време е намален за 300. Ако е толку розово во Кочани, во моментов нема да има 2800 сезонски работници во Италија. За странските инвестиции за кои што говорите, се тотално промашени, од причини што, доколку тие пари ги дадевте во наши компании ефектот ќе беше двојно поголем, а платите ќе беа за 30 % повисоки.
За фабриката Руен, во договорот беше предвидено до 2007 -ма година да се вратат на работа 800 луѓе. Но наместо вашата влада на настапи домаќински и да ги натера инвестиорите да постапат по договорот, вие стимулиравте и овозоможивте раскрчмување на истата и непочитување на договорот со што на улица ги оставивте овие 800 луѓе. Ги лажете граѓаните дека сте за отварање на нови фабрики Илија, а ја криете вистината дека на вашите презентации во странство привлекувате инвеститори велејки дека работната рака во Македонија е еден долар, или 50 денари за работа од еден час. За какво зголемување на платите говорите кога вие стимулирате експлоатација на македонските граѓани?
Да, ние ветуваме плати од 30 000 денари, и ќе го оствариме ветеното, бидејки е многу едноставно, ако се сопре крадењето, а ние ќе го спречиме крадењето и криминалот, ќе ги вратиме украдените милијадри евра, и ќе овозможиме фер услови за стопанството и развој на економијата преку неселективен и фер пристап за секој бизнисмен и компанија.
Ако престене теророт врз компаниите, македонските компании ќе одат нагоре, а платите сами по себе ќе се покачат.
Престанете да лажете дека СДСМ затварало фабрики, затоа што сите олигарси од тоа време, кои и ние сме погрешиле, веќе се ваши ортаци и деловни партнери.
Стапката на невработеност била намалена за 5000 луѓе, а заборавате дека од 2006 до денеска, од вашиот терор се иселија 6000 граѓани од Кочани и кочанскиот регион. Околу стратешките проекти, да, и ние ги подржуваме, но ветуваме дека нивната изградба ќе продолжи со парите кои што ги украдовте покрај другото и од провизии при изградба на вакви проекти, за кои зимавте милиони евра и ги вадевте од Македонија, од овој народ, а ние парите ќе ги вратиме во Македонија.
За разлика од вас, ние ќе ги продолжиме стратешките проекти, во нашата програма се предвидени и ќе реализираме уште многу проекти, но за разлика од вас, без провизии и крадење. И ќе продолжиме да градиме со вратените украдени пари, а за тоа време вие ќе бидете во судски постапки пред нормални институции.
Кога се фалите дека инвестирате во болници, градинки и училишта, од една страна тоа се пари на овие граѓани а не ваши од дома, или во никој случај од оние вашите украдени, од друга страна и она што го градите е далеку од пропишаните стандарди затоа што треба да се плати провизија од парите на граѓаните, а од трета страна, за кого тие училишта и градинки кога оставивте пустош во Источна Македонија, секоја втора куќа е со спуштени ролетни.
Кога сме кај ветувањата, каде е агроберзата во Облешево? Колку изборни циклуси ветувавте агроберза? Каде е достоинствената цена на оризот? Дали 25 денари за килограм бел ориз се достоинствени? Дали според вас 16 денари за литар млеко додека сирењето е повеќе од 200 денари се достоинствени?
Многу лажевте Илија, и затоа веќе ќе си одите, а богами и ќе си одговарате.
Во однос на зачувувањето на Република Македонија, точно Илија, се согласуваме со тебе целосно, овие избори се за зачувување на нашата држава. Затоа што Илија, твојот партиски шеф договараше амнестија на терористите за хашките случаи. Вие ги амнестиравте оние кои во војната од 2001-ва година мачеа и убиваа Македонци. Исто така, во ваше време се случи Куманово, и времето ќе покаже кој тоа договарал таков масакар во кој 8 млади Македонци ги изгубија животите. За тоа ли се бореле Комитите и Војводите Илија? за да дојде злосторничка банда која злоупотребувајки го името на ВМРО ќе го лаже сопствениот народ и ќе го изврши најголемиот геноцид на македонскиот народ?
Престанете да го лажете овој изнамачен народ од вас, за каква двојазичност говорите, зошто вадите изјави од контекст? СДСМ секогаш се борела за зачувување на македонскиот идентитет и државност, а токму вашиот партиски врв се договараше како да го излаже својот народ и како да го промени името на државата. Во бомбите слушнавме како се договара промена на името, и постојано ќе ве потсетуваме дека вие сте предавници на својот народ.
И повторно си во право Илија, Источна Македонија ЌЕ ВИ ПРЕСУДИ за сите злосторства. На овие избори казната ќе ја добиете токму од Источна Македонија, затоа што постојано ве подржуваше до сега, а вие постојано ги лажевте граѓаните од верниот исток. Токму така Илија, Истокот со гласачко ливче ќе застане во одбрана на Македонија од вас и вашите злосторства. Казната ќе ја добиете со гласачко ливче. Вие наместо стабилност предизвикавте немири, и токму вие и вашиот претседател го скршивте уставот на оваа држава, вие од уставниот суд направивте циркус, и за да го сокрите циркусот носевте граѓани пред уставниот суд, а самите граѓани не ни знаеја што бараат таму. Вие ќе продолжите пред судовите, за вас нема веќе шанса. Вие сакате да продолжите со крадење и со терор, но прочитани сте. До тука беше вашето.
Илија ти и твојот тим го предадовте ИСТОКОТ и затоа ќе си одговарате.
Фејсбук статус на Емил Јорданов, регионален координатор на СДСМ во Изборна Единица 3.