Емил Јорданов до Димовски: Илија, доста ги лажеш своите изнапатени и измалтретирани сопартијци

Илија, Илилија … Оди сокри се Илија, доста го лажеш народот, доста ги лажеш своите изнапатени и измалтертирани сопартијци, не можеш нив да ги убедиш во лагите а камоли неопределените граѓани. Со секоја твоја лага, ме повлекуваш за јазик да ти одговорам со факти и аргументи. Лажеш дека сте пишувале програми за интересите на граѓаните, а моделот на пишување на програма го украдовте од нас, од СДСМ. После нашиот проект Визијата за Македонија, каде што нашата партија, како прв пример на политичка партија, започна со пишување на заедничка програма со граѓаните, вие со истиот модел. Но плагијатот се разликува од оригиналот а граѓаните најдобро знаат.

Лажеш дека сте пишувале програми според потребите на граѓаните Илија… Ајде одговори каква беше потребата на малата Тамара од Велес и на нејзиното семејство? Според тебе Илија граѓаните имаат потреба да умираат заради вас и вашето здравство? Ајде одговори Илија… Каде ви се осумте милијарди евра инвестиции кои ги ветивте во 2008 -ма година? Ветивте осум милијарди, а украдовте и изнесовте толку Илија. И ќе одговарате за тоа Илија, а ние ќе ги вратиме парите на граѓаните. За лагите во вашите програми можам да пишувам многу, но за тоа ќе говориме во кампањата.

Според тебе Илија, граѓаните требаше да ве остават да крадете, заради вас да згаснуваат животи, да се уништуваат судбини, да се иселуваат илјадници семејства, а вие мирно да си крадете. Нема да ти се извинам што ви ја нарушивме оваа идила, туку ќе ти порачам дека ние, заедно со граѓаните ќе одиме до крај и ќе ве поразиме. Ќе ве поразиме вас од врвот, и секој ќе си одговара за криминалите, а кога сме на оваа тема јас знам зошто си толку блед и исплашен. Нема да ти поминат лагите овој пат, ви дишеме во врат, нема да дозволиме да ја уништувате државата повеќе. За да се спасите вие и вашите кожи неколку пати вие исцениравте меѓумакедонски судир, но ние бевме смирени и не ви го овозможивме тоа сценарио за кое мечтаевте, затоа што ќе ве поразиме со гласачки ливчиња.

Мирот ќе дојде кога ќе дојде правдата, затоа е и паролата НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР! Велиш редефинирање на границата и двојазичност. Во Скопје, каде што и локалната и централната власт е под ваша контрола, во градските автобуси, (кинеските – што ги плативте по цена на Волво и Мерцедес, бидејки оние украинските што ги плативте десетици милиони евра се расипани тотално), се користат македонски и абански јазик. Кој практикува двојазичност Илија, таму директор е твојот пријател велешанец Игор Јанушев, оној познатиот од бомбите. Затоа не лажи и не биди лицемерен.

За темата редефинирање на државата, ќе ти порачам да внимаваш и да не си играш со таа тема затоа што не си достоен. Твојот пријател, Марјан Ефремов, првообвинетот во аферата Шпион, оној на чиј платен список си бил и ти, во неговата одбрана посочил дека тој водел операција во која што биле фатени твојот идол Сашо Мијалков и твојот сограѓанин и пријател Горан Грујоски како шпионираат за српска разузнавачка служба. Кој ти е идол сега Илија, Сашо Мијалков, или Љубчо Героргиевски, за кого ти велеше дека кога ќе си се поздравел по неколку дена не си миел раце. Твојот патриотизам се сведува на ризикот од немиење раце и фаќање некоја заразна болест и толку, освен твои лични профити ти ништо друго не си направил во политиката. Вашите проекти и мерки ги видовме Илија. Ги гледаме и чувствуваме ефектите секој ден Илија, затоа прибери се и не лажи повеќе.

Во име на граѓаните на ИСТОКОТ, те повикувам јавно да ми одговориш и јавно да се произнесеш за твојата сексуална ориентација. Немам ништо против било која сексуална ориентација, но не подржувам лажговци кои глумат демохристијани а се хомосексуаци. Затоа те повикувам да се произнесеш јавно и да ми одговориш јавно. А пред да одговориш на ова прашање, имај ги на ум твоите релации со градоначалникот на Дојран Борче Стамов, па потоа релациите со некој си Виктор кој е на видно место во мобилен оператор, па сега некоја релација со некој прв човек на јавно претпријаие. Одговори Илија, ИСТОКОТ те повикува јавно да се произнесеш за твојата сексуална ориантација!

И да Илија, за едно си во право. Граѓаните сакаат да заврши оваа криза, и државата да започне да се занимава со нивните потреби и нивните барања. Да тоа ќе се случи на 11 – ти декември. Граѓаните ќе ви пресудат, народот ќе ве порази и конечно ќе ве порази. А после 11-ти, државата ќе биде во рацете на граѓаните, и народот ќе управува со државата, за своите потреби и за подобар живот. Од 11- ти декември доаѓа слободата, демократијата, владеењето на правото, функционирањето на институциите и државата за потребите на сите граѓани на индивидуалецот, а вие Илија, и вие ќе си имате работа со институциите, но со оние правосудните
Илија пак ќе ти повторам ти и твојот тим го предадовте ИСТОКОТ и затоа ќе си одговарате.

Фејсбук статус на Емил Јорданов, регионален координатор на СДСМ во Изборна Единица 3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e