Слободан Богоевски, Емел Рамковска и д-р Тодор Пиперковски, жртви на минатиот режим, се говорниците на панел дискусијата на невладината ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“. Модератор на дискусијата е Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.
Во своето обраќање, Емел Рамковска истакна дека ѝ е должност да потсети на она што се случи за да не се повтори и да не биде толку лесно.
-Најстариот син (16) беше во град, му реков и таму да остане. Другите две, спиеја, а мене во меѓувреме ме снема. Среќа што не видоа ништо од тоа што се случи, започна Рамковска, ќерката на сопственикот на поранешната А1 телевизија, Велија Рамковски, која ја отслужи затворската казна доделена од „режимот“ на Груевски.
„Најстрашно ми беше што судијката сакаше да покаже што поголема нечовечност, како да тоа е некој поголем плус во таа тогашна хиреархија“, раскажува Емел Рамковска за судењата што ги преживеа за време на процесот познат како „Пајажина“.
„Сите молби ми беа одбиени, не можев да си ги видам децата“, вели Рамковска.
„Во затворот едно време ни беше забранувана и вода, можело да има нешто“, раскажува Рамковска, велејќи дека тоа што го добиле како пресуда од Стразбур и што во извештаите на Стејт департменот дека се политички затвореници, не значело ништо.