Експертски панел на ЦИВИЛ: Македонија во правно и политичко лимбо

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира експертска панел дискусија „Македонија: Правно и политичко лимбо“ в четврток, на 26 јануари, во хотел Парк Резиденс, зад фудбалскиот стадион во Скопје, со почеток во 12:30 часот. 

Постизборниот период во Република Македонија донесе нови неизвесности, продолжени политички тензии и сериозни правни дилеми:

  • Дали претседателот Ѓорге Иванов го следеше словото на Уставот и законите во целост, при доделувањето на мандатот за составување на влада?
  • Дали свикувањето и водењето на првата седница по изборите беше во согласност со законите и Деловникот?
  • Дали имаме ситуација на извршување двојни јавни функции – министри и пратеници истовремено?
  • Дали Јохан Тарчуловски има право да биде пратеник, со оглед на тоа дека е правосилно осуден воен злосторник?

На овие и на други важни прашања, одговор ќе дадат поканетите експертите на дискусијата.

ЦИВИЛ ги поканува и медиумите, претставниците на граѓанското општество, политичките партии, претставниците на меѓународната заедница и заинтересираните граѓанки и граѓани. По излагањето на панелистките и панелистите, ќе следи дискусија и отворен микрофон.

Како и секогаш, ќе биде овозможено да се поставуваат прашања и коментари во текот на дискусијата и од онлајн заедницата.

Хаштаг на настанот е #лимбоМК, #limboMK

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e