Експерти: Нова влада може да се формира и без Иванов да додели мандат

По вчерашната одлука на Иванов, некои правни експерти гледаат други можности за формирање на нова влада. Една можна опција, според дел од нив е новото парламентарно мнозинство да се состане и откако ќе избере нов спикер, да премине кон гласање на нова влада, пренесува Алсат-М.

„Мислам дека е многу потребно да се избере спикерот на Собранието, да се создаде мнозинство, а потоа да се преземат понатамошни чекори, бидејќи е многу тешко да дадете уставно решение на еден неуставен чин.“ – изјави Насер Зибери, правник

И професорката Беса Арифи зборува за таква можност. Таа дури вели дека предавањето на мандатот на претседателот било само формална работа, а најважната улога го имало Собранието која ја гласа Владата и нејзината програма.

„Давањето на мандатот е само формален акт од страна на претседателот, а не е неопходен услов ако се има парламентарно мнозинство. И ако не се даде мандатот, тоа не значи дека процесот може да биде блокиран.“ – посочи Беса Арифи

Во емисијата „Патот кон…“ беше наведено и дека одлуката Иванов биле противуставна.

“Тој сериозно го прекрши Уставот. Нешто што го прави одговорен во една правна држава, добро организирана држава со веродостојни институции кои работат во согласност со законот, тој мора да се соочи со Уставниот суд како орган кој ја разгледува одговорноста на претседателот во случај на кршење на Уставот и законот. За жал, Македонија не е правна држава, ниту пак има веродостојни институции.“

Иако учесниците во дебатата ја бранеа тезата дека мнозинството пратеници во Собранието би можеле да го заобиколат Иванов и самите да изгласаат нова влада, сепак едно нешто останува нејасно. Имено, како тоа мнозинство пратенции би можеле да се состанат во случај ако поранешниот спикер Трајко Велјановски не одреди датум за продолжување на првата конститутивна седница. Таа беше прекината веднаш откако беа верификувани мандатите на новите пратеници. Во овие околности како можност за нормализирање на ситуацијата се гледа повлекувањето на одлуката на Иванов, за што апелираа и некои западни дипломати. Сепак, претседателот не даде никаков сигнал дека би сторил нешто такво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e