Попладнево во Собранието беше донесен Законот за амнестија со 95 гласови „За“.
„За“ гласаа и пратениците на ВМРО ДПМНЕ, иако на комисиската расправа не беше усвоен нивниот амандман амнестијата да важи за сите обвинети за настаните од 27 април.
Според тој закон нема да може да бидат амнестирани:
- организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања
- лицата кои извршиле физичко насилство
- лицата под фантомки
- лица кои носеле оружје и експлозивни материи
- службени лица кои ги пречекориле своите овластувања
Закир Рамчиловиќ од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ рече дека овој закон се предлага затоа што е потребно помирување во државата.
Илија Димовски кажа дека тој и Панчо Минов се приклучуваат како подносители на законот.
