Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за албанска телевизија изјави дека таканаречената тиранска платформа не постои, туку има само „платформа на Албанците од Македонија“ со која официјална Тирана немала никаква поврзаност.
„Нема никаква платформа од Тирана, туку платформа на албанските партии на кои ние им помогнавме. Ние имавме одделни средби со лидерите на албанските партии и зедовме прибелешки се што кажаа. Тие се обединија во едно парче хартија“, рече Рама.
Според него, вистината е сосема поинаква од она што го тврдат претседателот Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ. Рама додава дека не се согласил да се сретне со ниту еден лидер на партија за време на изборната кампања.