Ѕанакопулос: Заев води тешка битка во клима на национализми и шовинистички перцепции

Во однос на неодамнешните изјави на македонскиот премиер што предизвикаа реакции во Грција, портпаролот на грчката влада, Ѕанакопулос во интервјуто за „Реал фм” вели дека „Заев води тешка битка во клима отежната од национализми, па дури и шовинистички перцепции, што преовладуваа во изминатите години во соседната земја”. Ѕанакопулос додава дека не треба да се занемари фактот дека и во Грција се развиле такви идеологии и перцепции во однос на соседите.
– Мислам дека ако некој го прочита Договорот од Преспа, но и ако се потруди да ги види одредбите од ревизијата на Уставот, но и содржината на ревизијата кај соседот, ќе сфати дека без сомневање, не остава никаков простор барем правно, но и политичи за иредентизам во соседната земја. Мислам дека сето ова е многу јасно во Договорот од Преспа и затоа не треба да оставиме сомневањата и реакциите од националистички карактер да не одведат до тоа да изгубиме огромна политичка, дипломатска и историска шанса за решавање на едно прашање што не измачува и нас и нашите соседи, но и целиот Балкан, речиси 30 години – вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e