Еврокомесарот остана доследен во давањето изјави кои треба да се дообјаснуваат, оти оставаат простор за различни толкувања. Од тоа произлегува дилемата – што му беше целта на посетата? Колумна на Зоран Јордановски.
„Веќе видено“ би било најкраткото можно резиме за неколкучасовната посета на Јоханес Хан на македонската престолнина. Откако ги ислуша сите клучни фактори во актуелниот миг на долготрајната политичка криза во Македонија, еврокомесарот надлежен за проширувањето на ЕУ даде изјава во стилот на оние од неговите претходни посети и си замина не оставајќи простор за повеќе од две новинарски прашања. А има толку многу прашања што можеа и мораа да му се постават.
Каква е воопшто неговата улога во процесот за надминување на кризата, откако „шефицата“ за надворешна политика на ЕУ, Могерини, најави дека ги презема работите во врска со Македонија во свои раце? Или откако во процесот беше вклучен германскиот дипломат Рајнхард Прибе за да постави прецизна и сеопфатна дијагноза на „македонската болка“, а работите на лицеместо ги туркаат амбасадорите од неколку водечки западни земји на чело со САД? За да може да ја подготви формулацијата во извештајот за напредокот на Македонија во евроинтеграциите, не мораше воопшто да доаѓа, оти некакви побитни промени во однос на состојбата од пред шест или 12 месеци нема, во секој случај не на подобро. Извештајот секако ќе доцни, а ако биде објавен пред изборите може да биде депласиран по нивното одржување во зависност од начинот на кој ќе бидат изведени, а и од исходот. Значи, останува прашањето што беше целта на неговата посета?
Целиот текст прочитајте го тука.
За поврзани вести продолжете надолу