Двојните стандарди на мафијата

Сеад Кочан бил на службен пат и не бил правосилно осуден за да биде притворен, тврди адвокатот на мафијата.

А Мирослав Шиповиќ? Тој нели беше исто на службен пат и не беше осуден? Па истото денешно МВР изнуди да биде симнат од авионот со кој се враќаше во Скопје и да му биде определен Екстрадиционен притвор во Виена за мафијата да не дозволи опозицијата да има мнозинство во

Советот на општина Центар. Шиповиќ го држеа во притвор повеќе од осум месеци.
За време на едно од судењата на тој политички монтиран судски процес почина еден од сведоците кој беше бивши магационер во фирмата.

Шиповиќ беше обвинет и притворен веднаш по поразот на ДПМНЕ на локалните избори во Центар откако мафијата дозна дека е избран за советник и за претседавач на Советот од редовите на опозицијата. Кодното име на акцијата носеше име “Претседавач” и не стануваше збор во обвинението на Зврлевски за грабеж во висина од 17 милиони евра како во случајот со Кочан туку што во 2008 година, 5 години пред да стане советник наводно дозволил продавање на стока иако постоеле постапки за присилна наплата.

Во изборната кампања за време на која тој беше носител на листата на советници од Сдсм никој не го осомничи за ништо. Но откако стана јасно дека од него зависи мнозинството на опозицијата стана предмет на судско полициска тортура.

Адвокатот Додевски и бранителите на Кочан сигурно таквите “ситници” не ги интересираат. Нивните клиенти се :невини јагненца” и мора да останат недопирливи за правдата.

Фејсбук статус на Ѓорги Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e