Двајца вработени во царина биле на посета кај Груевски. Директорот вели дека не може да им забрани!

Две лица вработени во Царинската управа биле во посета на азилантот Никола Груевски во Будимпешта, потврди директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски на денешниот брифинг со новинарите.

Снимката и фотографијата од Будимпешта пред некоја недела ја објави унгарскиот медиум „24“.

Едното лице е Александар Трајковски, а за второто се открива само дека бил вработен во Секторот за контрола и истраги.

„Второто лице кое го имаше на снимка и беше препознаено земал два дена годишен одмор и користел еден слободен ден“, рече директорот Танасоски.

По посетата, двајцата вработени во Царината доаѓале редовно на работа, а директорот додава дека не може да им забранат на своите вработени каде да одат кога се слободни.

На последното судење за случајот „Насилство во Центар“, судијата бараше докази зошто Трајковски бил во Будимпешта. Тој се правдаше дека бил на преглед за синусите за што судијата побара да достави и медицински белешки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e