Двајца странци задржани во хотелска соба во Центар поради сомнение за коронавирус

Двајца странски државјани, од Австралија и Сингапур се сомнителни на коронавирус. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, тие засега се во хотелска соба во Центар, и таму ќе останат додека не се добијат резултатите од тестирањата.

Странците преку хотелот пријавиле симптоми слични на настинка. Пристигнале во Скопје на 28 февруари, а слетале во Скопје од Келн.

-Во моментот екипа на епидемиолози се на терен и испитуваат за контактите кои ги оствариле во Македонија, земени се брисеви и однесени на тестирање. Тие засега ќе останат во хотелска соба каде што двајцата биле сместени, истакна Филипче, додавајќи дека двајцата сомнителни неколку дена не ја напуштиле собата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e