Маскирани напаѓачи вечерва ги издупчиле гумите на автомобилот на Саше Ивановски – Политико во Кисела Вода, на истото место каде пред две години тој беше нападнат од двајца маскирани напаѓачи со метални и гумени шипки и пендреци, објави „Мактел“.
Вечерва напаѓачите биле забележани од соседи на Саше Политико кои раскажуваат дека едниот дупчел со нож а другиот го чекал во сив „Даеву Смарт“. И двајцата имале црни качучки на главата.
Од страв да не бидат нападнати, сведоците не ги запишале регистарските таблици на автомобилот, туку со брзање се одалечиле од местото на настанот, пишува порталот.