ДУИ: Нема пречка да се формира влада

Потесното раководство на ДУИ ќе ги разгледува забелешките на СДСМ во врска со нацрт законот за употреба на јазиците. Високи партиски извори велат дека нема големи разлики во ставовите на двете партии.

ДУИ останува на ставот дека нивниот предлог не излегува од рамките на Уставот и Рамковниот договор. Ние не бараме двојазичност на целата територија туку само практична примена на албанскиот јазик каде што живеат над 20% од оваа популација.

Нема никаква пречка наскоро да се постигне договор и да се формира Влада, изјави за Телма висок функионер од ДУИ. Но, колку ќе трае целиот процес и кога ќе се донесе одлука, никој не може да прецизира. Алијансата за Албанците и БЕСА изразија подготвеност да ги дадат потребните потписи на Заев за мандат, а дури потоа да отпочнат евентуални преговори за Влада. За нив е битно да се исполнат поголемиот дел од барањата наведени во Платформата.

Во однос на најавите за формирање посебно тело кое ќе треба да го изготви предлог законот за јазиците, од БЕСА велат дека тие нема да делегираат свои претставници. Не прифаќаат какви било состаноци иницирани од Али Ахмети, кој според нив нема морален кредибилитет и е главниот виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија.

Алијансата за Албанците смета дека ова тело ќе функционира како техничко и за интерни релации и услогласување на ставовите меѓу трите партии. Формирањето на Владата не е поврзано со ова тело. СДСМ очекува ДУИ час поскоро да се произнесе и да донесе одлука со што ќе се стави крај на политичката криза додека ВМРО – ДПМНЕ е за нови избори.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e