ДУИ со контрадикторни ставови во врска со деблокирањето на процесот

ДУИ со контрадикторни ставови за тоа дали повлекувањето на нејзините министри од владата ќе помогне за деблокирање на процесот или ќе значи нови предвремени парламентарни избори. Пред неколку дена партискиот портпарол Бујар Османи самиот кажа дека чинот на оставки би довел од избори, анализира Алсат-М.

“Слушнав и сугестии дека ДУИ треба да замине од Влада за да помогне во формирањето на новата влада. Неколку пати изјавивме дека заминувањето на ДУИ од техничка влада наметнува предвремени избори. Ако некој сака предвремени избори може да разговараме.” – изјави Бујар Османи, ДУИ

Но, само ден претходно оваа партија навести можност за повлекување на своите министри од техничката влада, иако лидерот Али Ахмети, пак порача дека не ја поддржува идејата за одржување нови парламентарни избори.

“Го анализиравме можното повлекувањето на извршните членови на Демократската унија за интеграција, да видиме колку тоа може да придонесе во деблокирањето на ситуацијата, бидејќи има мислења дека тоа може да помогне. Не е најдобро решение ако се оди на предвремени избори. Имаме многу поважни проблеми. Предвремени избори не значи дека нудат подобро решение и сега сме во потрага на подобри решенија за да излеземе од оваа ситуација.“ – изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ

Ако ДУИ донесе одлука за излез од владиниот кабинет, останува нејасно како ќе се потврдат нивните оставки во период кога Парламентот се уште заседава на конститутивната седница. ДУИ има 9 од вкупно 26 членови во владата. Уставот предвидува дека во случај на оставка на една третина од членовите на кабинетот, Собранието треба да решава за избор на новата Влада.

“Претседателот на Собранието може да предложи разрешување на членот на Владата. За предлогот за разрешување на членот на Владата одлучува Собранието на следната седницата. Додека претседателот на Владата предложи разрешување на повеќе од една третина од членовите на Владата од составот на првото ниво, Собранието одлучува за избор на новата Влада.” – стои во Уставот на Република Македонија

Уставот не прецизира дали ова значи одржување нови избори или гласање на новата Влада во Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e