Демократскиот сојуз на Павле Трајанов со повик до Иванов, денеска да го додели мандатот на Зоран Заев.
“Согласно Уставот, мандат за состав на Влада, добива партијата или партиите кои имаат обезбедено мнозинство во Парламентот. Такво мнозинство (67 пратеници или 6 повеќе од потребните) имаат СДСМ, ДУИ, БЕСА И Алијансата за Албанците. Состојбите можат драматично да се усложнат доколку и натаму Парламентот е без Претседател, Владата е техничка и со 4 пратеници во неа, а лидерот на владејачката партија повикува и организира протести со цел да се блокира формирање на Влада“, стои во соопштението од Демократскиот сојуз.