Државниот инспекторат потврди – Атанасов без признаена диплома станал директор на Водовод

Државниот инспекторат за труд потврди дека Александар Атанасов е директор на Јавното претпријатие Водовод и канализација без признаена диплома. Синдикатот на работниците СУТКОЗ испратил претставка до Државниот инспекторат за постапката за избор на директор на претпријатието, а по извршениот инспекциски надзор е констатирано дека во времето на донесувањето на одлуката за избор, Атанасов немал доставено доказ за завршено високо образование барано според конкурсот и признато во Македонија согласно постапката предвидена со Законот.

Согласно ова, Државниот инспекторат даде укажување до Градоначалникот на Град Скопје да ја преиспита својата одлука за избор на директор на ЈП Водовод и канализација и да донесе одлука согласно своите надлежности. Инаку, Атанасов беше назначен за директор на 11.02.2015 година со одлука на градоначалникот на Скопје и доставил превод на диплома за завршено високо образование на Њујорк Емпаер Стејт Колеџ, кој не се наоѓа на Шангајската листа на 500 најдобри универзитети во светот.

diploma-730x580

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e