Вистинска драма се случувала вчера во Неготино за време на митингот на коалицијата ,,За подобра Македонија’’ предводена од ВМРО ДПМНЕ, кога членови на СДСМ Неготино се обиделе да постават транспарент на зградата во близина на бината каде што Груевски држеше говор, пренесе Фокус.
анспарентот, на кој што беше испишано ,,Реално, ќе си лежите’’ стоеше кратко време, бидејќи луѓето кои што го држеле, биле онеспособени со јак ласер, кој што им бил вперен директно во очите.
Тој додава дека нивната порака за ,,добредојде’’ на Груевски не треба да биде игнорирана од јавноста.
,,Реално, нели му кажала гатачката на Груевски дека во Тиквешијата повеќе не му минуваат празните ветувања? Лозарите тоа го почувствуваа на своја кожа, баш реално и во секоја смисла на зборот’’, изјавија од СДСМ Неготино.
Освен во Неготино, на Груевски транспарент за ,,добредојде’’ му поставија и кавадарчани. Тие му порачаа дека лозарите не му забораваат.