Драгиша Милетиќ доби отказно решение од ЕЛЕМ

На само еден месец по завршувањето на предвремените парламентарни избори претседателот на СНСМ, Драгиша Милетиќ доби отказно решение од ЕЛЕМ каде што работи од 2013 година. Отказното решение го добил без никакво претходно соопштение или најава, пишува “Револуционер“.

“Во текот на вчерашниот ден проверив на банкомат дали има плата, за да платам режиски трошоци за дома. При проверката видов дека на мојата сметка има мала сума на парични средства и во прв момент помислив дека станува збор за некаква грешка. Во текот на денешниот ден се обратив во правната служба на ЕЛЕМ од каде ме известија дека имам отказно решение поради тоа што не сум се појавил на работа во изминатите три дена. Тоа решение не го примив и побарав средба со директорот, но не сакаше да ме прими. При потпишувањето на решението со кое почнав да работам јас освен службен телефон не добив ни картица за откуцување на работа, ни канцеларија. Според описот на моето работно место “координатор за странски и домашни инвестиции и маркетинг” требаше да ја делам канцеларијата заедно со Директорот на ЕЛЕМ. До сега не сум повикан на дисциплинска комисија ни еднаш, претпоставувам дека станува збор за партиски реваншизам поради тоа што на предвремените парламентарни избори настапив заедно со коалицијата предовдена од СДСМ. Правдата ќе ја барам преку суд и сигурен сум дека ќе ја добијам” изјави Милетиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e