ДПМНЕ во овие 11 години од Македонија во пракса направи бинационална држава

Прво прифаќа од ДУИ се, освен СЈО, па откако попил корпа нуди коалиција со СДСМ, да не помине тоа што он би го протуркал пред да се изгласа Влада! Зошто Заев би му верувал на Груевски?

Второ, вмровците исто во 2002 година нудеа ваква поддршка до СДСМ, демек они никогаш не би коалицирале со ДУИ. Излажаа, уште не можат да се помират дека им се растура коалицијата со ДУИ од 2008 година!

Трето, ДПМНЕ во овие 11 години од Македонија во пракса направи бинационална држава. Највеќе благодарение што преку своите пиуни стави рака врз Ромите, Турците, Србите, Власите и Бошњаците, од кои црпеше гласови, некаде повеќе, некаде помалку, а за возврат немаше реална политика кон овие заедници, имаше само клиентелизам.

Четврто, кој освен Груевски зборува за кантони и федерализација?

Џељо Хоџиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e