Донација од 25 возила „Шкода јети“ во вредност од 740.000 евра денеска предаде Чешката амбасада во Македонија за потребите на граничната полиција при МВР.
Заменик амбасадорот на Чешката Република, Јосеф Брож, истакна дека вистинските пријатели се препознаваат во тешките моменти, а така се препознаваат и државите која од нив е вистински пријател. Република Чешка ви е вистински пријател.
– Се надевам дека Македонија чувствува која е вистинската држава пријател, дека тоа е Република Чешка, а тоа го покажавме и со посетата на нашиот претседател, но и во рамките на долготрајната помош на Република Македонија во нејзините амбиции за членство во ЕУ и НАТО, истакна Брош.