(Документ) Алаѓозовски: Канческа Милевска да не помисли да уништува архива!

Прес конференција,
Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисија за култура на СДСМ
Скопје, 01.02.2017

Сакаме да порачаме, да не помислат Канческа Милевска и нејзините соработници во Министерството за култура да уништуваат архивски материјали! Во моментите кога се водат преговори за формирање ново парламентарно мнозинство и нова Влада, Министерството за култура сака да уништува архивски материјали.

Еве овој допис го докажува тоа.
Се работи за документ кој што е испратен испратен пред 6 дена до сите единици во Министерството за култура. Во него се бара да се направеле листи и евиденции, меѓудругото и за уништување на архивски материјал.

Порачуваме однапред, во име на граѓаните на Македонија кои избраа промени и одговорно и совесно владеење, дека не поминуваат никакви оправдувања од Канческа Милевска и нејзините соработници за овој скандалозен потег.

Им порачуваме на вработените во администрацијата, да не дозволи криминалната власт во заминување да ги искористи и да ги вовлече во незаконски активности, за што следува и одговорност.

Во очи правење нова Влада, ова иницирање постапка на уништување архивски материјали, ги прави оправдани сомнежите што со нас ги споделија чесните вработени од областа на културата – дека намерата е да се уништат вредни документи што сведочат за неправилно и незаконско работење во Министерството за култура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e