Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу покренал дисциплинска постапка со која истражува и елементи за кривично дело против началникот на СВР Охрид Гоце Недески за заканите кон обвинителите на Специјалното обвинителство, кажувани во негово присуство, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.
„Пред две недели добив известување од Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за закани кон обвинителите од ова Обвинителство, упатени од организаторите на протестите во Охрид, во присуство на началникот на СВР Охрид. Јас известувањето го анализирав и веднаш побарав од службата за внатрешна контрола на МВР да го испита случајот. Побарав внатрешната контрола да го извести задолжително и Јавниот обвинител на РМ, ако има елементи за кривично дело од страна на началникот. Значи, тое што е покрената итна дисциплинска постапка против него е едната работа, а втората е дека се испитува дали во ситуацијата началникот сторил кривични дела“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК министерот за внатрешни работи Агим Нухиу.
Обвинителката Ленче Ристоска на прес-конференцијата за најновата истрага под кодно име „Труст“, за украдени 17 милиони евра народни пари од ЕЛЕМ, за сметка на конзорциум од три домашни фирми блиски до владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кажа за заканите кон обвинителите на СЈО на деветти февруари годинава, пред очите на началникот на СВР Охрид.
Целиот текст прочитајте го тука