Директорката на Агенцијата за вработување ја демантираше Стаменковска со факти

Oткако заменик министерката за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски побара премиерот Оливер Спасовски да ја разреши директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска и да поведе постапка за нејзината одговорност, Јовановска сподели свој став за нападите, кој ви го пренесуваме во целост:

-После 98% успешно реализирани мерки и проекти, кои обезбедија вработувања и отварање на нови работни места, Стаменкова негодува.
Инаку дека не разбира многу работи зборува и фактот што не ги видела датумите за неправилности во вработувања, распоредувања и судски трошоци, бидејќи истите се во време на мандатот на нивното режимско владеење, кое за среќа е минато и нема да се повтори!

Изнесените наводи од страна на Невенка Стаменковска – Стојковски се целосно неточни и невистинити.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија сите свои активности ги остварува почитувајќи ги позитивните законски прописи со кои е уредена нејзината надлежност и постапување.

Во однос на изјавата за недоставување на податоци за реализирани пријави / одјави во задолжително социјално осигурување (M1/M2) во државен и приватен сектор, одговорно тврдиме дека податоците се јавно достапни на веб страната на АВРСМ.
А број на вработени како надлежна институција објавува Државен завод за статистика.
Инаку во период на мое раководење сите вработувања во АВРСМ се реализирани во согласност со законските прописи кои ја уредуваат оваа област.
Воедно, во изминатиот период во АВРСМ се извршени поголем број инспекциски надзори од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат, при што не се констатирани никакви неправилности при вработувањето на неопределено и определено време во Агенцијата.
Што се однесува до наводите дека не ги исполнувам условите за именување на функцијата, одговорно тврдам дека во целост ги исполнувам законските услови, за што ги повикувам сите надлежни институции да направат увид во моето досие.

Наводите поврзани со распоредувањата на вработените се неточни, бидејќи актите на АВРСМ се потврдени од надлежен второстепен орган, а истите биле предмет и на инспекциски надзор, при што не биле утврдени неправилности при распоредувањето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e