Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски во интервју за Стандард вели дека, како надлежни, се свесни дека во претстојниот предизборен период протестите на земјоделците ќе зачестат, но мерките и се она што тие како ресорно министерство го превземат ќе покаже кој вистински се грижи за земјоделците.
Димковски, меѓудругото, потеницира дека работат за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини.
Како МЗШВ придонесува кон родова еднаквост во секторот земјоделство?
– Во овој период на подготвка за пристап на Република Северна Македонија за интеграција во Европската Унија, како министерството интензивно работиме на прилагодување на националната политика кон политиките на ЕУ. Во таа насока, МЗШВ презема низа активности, со што покажува јасно дека ја препознава важноста на родовата еднаквост. Наша задача и обврска е да создадеме услови за зголемено учество на жените во агросекторот и да им помогнеме на жените земјоделки да го реализираат својот потенцијал и да придонесат кон вкупниот развој на земјоделството. Заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и со Националната федерација на фармери ја потпишавме Декларацијата за подобрување на социјалната и економската положба на жените од руралните средини. Со оваа декларација потписниците се заложивме за подобрување на економската и социјалната положба на жените во руралните средини преку зајакнување на ефективноста и влијанието на националните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, креирање и промовирање на мерки за зголемување на можностите за вработување од руралните средини, креирање на мерки за признавање на неплатениот труд на жените за грижа на семејството и друго. Паралелно со Телото на обединтети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените при UN Women потпишавме Меморандум за разбирање, чијашто цел е унапредување на родовата еднаквост во Република Северна Македонија преку институционализација на родово одговорно буџетирање во стратешкото планирање на развојот на земјоделството и руралниот развој, креирањето на политиките и буџетските процеси, во согласност со меѓународните и националните обврски, вклучувајќи ја конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените (CEDAW), и други договори на ОН за човековите права, целите за одржлив развој (SDGs) и Пекиншката платформа за акција (BPfA).Во координација со Националната федерација на фармери на РСМ направивме измена на мерката 115 Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство во Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година. Со оваа мерка ќе се овозможи поддршка во вид на неповратна финансиска поддршка за започнување на дополнителна дејност на женски член на земјоделско стопанство. Поддршката ќе биде во висина од 180.000 денари во вид на грантпроект, а ќе биде наменета за проекти за преработка на земјоделски производи и маркетинг активности. Исто така, преку проектите од Националната и од ИПАРД програмата за жените кои предлагаат проекти имаат поголемо бодување, а со тоа и поголема предност. И во следниот период министерството ќе направи напори да ја унапреди родовата еднаквост преку создавање на соодветна законска рамка, стратешки и програмски документи и воспоставување на институционални механизми на централно и локално ниво.
Целото интервју прочитајте го на следниов ЛИНК.