инистерот за надворешни работи Никола Димитров до крајот на јуни ќе ја посети Атина. Поканата од грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас е веќе пристигната во македонското МНР, а утре ќе се утврдува датумот на посетата во зависност од агендата на двајцата министри. Грчкото МНР изразило подготвеност средбата да се оствари уште во текот на следната недела, но не било можно толку брзо да се организира . Сепак тоа значи дека Димитров ќе го исполни своето ветување по преземањето на министерската функција неговата прва билатерална посета да биде токму Атина, објави Телма.
И грчкиот министер Никос Коѕијас се огласи уште пред да биде избрана новата влада откривајќи дека е во контакт и со премиерот Заев и изрази подготвеност да се интензивира соработката и да се бара копмпромис за спорот со името. Токму Коѕијас ги скрши мразот меѓу двете земји и со претходната влада го почна градењето мерки на доверба. Но, новиот шеф на дипломатијата Димитров најави дека сериозно ќе се посвети на решавањето на спорот со името, а притоа новата влада со реформите да ги отстрани сите аргументи што ги користеше Грција да ја блокира Македонија во евроинтеграциите.
Димитров доаѓа со убедливо најголемо искуство, како преговарач за спорот со името од 2003 до 2008 и козастапник во Судот во Хаг кога беше донесена пресудата во корист на Македонија. Брзо решение на грчко-македонскиот спор е очекување на САД, што го потенцираше вискиот американски функционер Брајан Хојт Ји кој ја поздрави подадената рака од Грција и подготвеноста на новата макеоднска влада да најде компромисно решение.