Европската комисија го усвои мини-извештајот во кој ја повторува препораката за Македонија да почне преговори за членство во ЕУ. Документот се објавува во пресрет на состаноците на Советот на ЕУ кон крајот на месецот, на кои, според најавите, би можело да се донесе одлука за старт на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, на оваа тема во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
-Извештајот е повеќе од добар. Одличен е. Бидејќи вели дека и покрај разочарувањето од октомври Северна Македонија ги зголемила, интензивирала напорите во реформите и испорачала опипливи и одржливи резултати. Сега имаме еден контекст кадешто состојките за успех се очигледни. Имаме мини извештај дека е време да почнеме пристапни преговори и се надевам дека Европа тоа ќе го искористи и таа да испорача. Мислам дека е време Европа да испорача една конкретна и одржлива одлука за почето на пристапни преговори. Но после искуството во изминативе две години, за жал, уште не можеме да си дозволиме да се израдуваме. Мислам дека треба да ја видиме прво конкретната одлука- вели Димитров.
Но ако ЕУ во ваков контекст не испорача, потенцира Димитров, практично најголема жртва ќе биде политиката на проширувањето, односно ЕУ ќе даде сигнал дека вратата е затворена во еден регион кој е опкружен со земји членки и мислам дека таква работа нема да си дозволат.