Во наредниот период може да очекуваме помош од ЕУ за справување со корона вирусот. Тоа го потврди и министерот за надворешни работи Никола Димитров во вечрашното гостување во „Топ тема“ на Телма ТВ рече дека Европската комисија ќе предложи голем фонд од 23 милјарди евра во борбата против корона вирусот од кој директно се погодени голем број од членките.
„Веќе преку СЗО имаат серизона финансика инјекција. Ние самите се пријавивме за конкретна помош.“ – порача Димитров.
69 милиони евра ќе додели ЕУ за нашата земја, 4 милиони се за итна подршка за здравствениот систем, 50 за помош економијата, 12 за приватниот сектор мали и сред и 3 директна буџетска поддршка, појасни Димитров.
Целиот свет е во тешка дилема, како повеќе се забавува, животот го ставаме на пауза, а тоа ја става на пауза и економијат. Тој предизвик да се балансира да се зачува здравјето и да се одржи економијата е предизвик на секоја држава во светот. Ние ќе продолжиме да бараме поддршка од секоја пријателска земја и сојузите, рече Димитров.
