Димитријевиќ: Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитриевиќ, објави денес на прес-конференција можна финансиска афера околу преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на српската Алта банка.

„Банкарот на Вучиќ страна банкар и на Мицкоски. Пред два месеци српската Алта банка ја презеде Стопанска банка АД Битола. За тоа согласност дал Трајко Славески. Дали тоа е причината заради која беше избран за гувернер, за тивко и експедитивно да се реализира оваа зделка?

Клучно е што се крие зад оваа зделка. Зошто веднаш по доаѓањето на власт на ДПМНЕ се реализираат вакви дилови. Сопственик на Алта банка е Давор Мацура, кој од сопственик на мала менувачница во Земун стана сопственик на банка, земјишен магнат и инвеститор кој има договори со огромни државни компании во Србија. Како последно, на банката која до вчера била менувачница ѝ е даден огромен државен бизнис со Елекетростопанството на Србија, а тоа се сметките за струја. Според српските медиуми рецептот за успех се неговите врски со власта на СНС, со Александар Вучиќ и со неговиот брат и кум.

Српската опозиција редовно го обвинува Мацура за криминал. Медиумите во Србија редовно го поврзуваат и пријателството со Милан Радоичиќ, кој е под американски санкции и на црната листа. Кога Мацура се обидел да се прошири во ЕУ и да купи 20 проценти од уделот во Адико банка, Европската централна банка (ЕБЦ) му го суспендирала правото поради сомнеж за потеклото на капиталот. Според пишувањето на ‘Фајненшел тајмс’ постоела долга истрага на Европската централна банка за Алта банка. Ова значи легален влез на сомителни финансиски текови во Македонија и отворање врата за перење пари.

Како тоа Европската централна банка презела ваков ригорозен чекор, а Трајко Славески и НБМ без размислување го одобриле преземањето во Македонија? Зошто не биле повнимателни особено што станува збор за банка од понизок ранг. Дали ова е отворање пат за селење сомнителен капитал и влијание во Македонија? Бараме финансиското разузнување и финансиската полиција да отворат истрага за ова крајно сомнително преземање, да да се испита потеклото на парите и ризикот од перење пари. Македонија не смее да стане платформа за туѓи политички агенди“, порача Димитриевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e