Димитриев со честитка за 8-ми Септември

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, по повод Денот на независноста испрати честитка до граѓаните во која посочува дека 8 Септември е нашиот трет Илинден – празник кога ја славиме нашата независност и кога ја прославуваме нашата победа.

– Пред точно 25 години, силно верувајќи во вековната идеја за независност и самостојност, водени од илинденската и асномската идеја и аманетот на нашите предци за труд, постојанство и одлучност во промоцијата и заштитата на националните интереси, македонските граѓани ја донесоа одлуката за слободна, независна и суверена Република Македонија. Одлука која значеше остварување на вековниот сон на нашите предци и триумф на нашата вековна борба. Токму затоа 8 Септември е нашиот трет Илинден – празник кога ја славиме нашата независност и кога ја прославуваме нашата победа. Празник кога оддаваме почит и благодарност до сите наши предци кои со својата храброст, пожртвуваност и посветеност го трасираа патот на независна и самостојна Република Македонија, но и празник кој не поттикнува да размислуваме за иднината на нашата држава и за дејствување кое секогаш е водено од добра мисла и добра намера, вели во честитката Димитриев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e