Државната изборна комисија по пауза од еден час за ручек продолжува со работа.
Досега, само еден приговор е прифатен да се разгледува од вкупно осум кои ги поднесе БЕСА. За другите приговори беше кажано дека се неосновани.
За тој приговор, членовите на ДИК едногласно решија да ги задолжат стручните служби да ја донесе гласачката кутија од конкретното избирачкото место, како и да се повика изборната комисија. Претставниците на избирачкиот одбор и на општинската изборна комисија ќе треба јавно да сведочат и да присуствуваат на отворањето на гласачката кутија. ДИК потоа треба да одлучува за приговорите на СДСМ.
Седницата почна денеска нешто по 11 часот.
Преносот можете да го гледате на следното видео
Пренос: А1он