Деветмина обвинети за нападот во Собранието денеска се на суд

Деветмина обвинети насилници утрово ќе се појават во Кривичниот суд на првото рочиште за нападот од 27 април во Собранието.

Во судот ќе се појават Димче Христовски со прекар Жабата, Ангеле Зафировски, познат како Бате Геле и уште седуммина обвинети за кривичното дело „учество во толпа“. Двајца од нив ќе бидат донесени од притвор, а двајца од куќен притвор.

Триесетина насилници добија кривични пријави, меѓу нив двајца заработија кривични пријави за „обид за убиство“ на пратеникот Зијадин Села.

Предметот  го води судијката Милка Ангеловска Васевска, која меѓу другите, го водеше судењето за експремиерот Владо Бучковски за „бугарските определби на семејството на Силвана Бонева“.

Во девет часот доаѓаат пред судот т.н. „тврдокорни“, за како што стои во нивниот повик, да ги поддржат „браќата кои застанаа во одбрана на честа и достоинството на татковината“.

Макфакс

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e