Директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, на денешното гостување во емисијата Топ Тема изјави дека над 300 домашни компании преку Фондот за инвоации се вработуваат над 15.000 граѓани.
-Таква економија поддржуваме преку Фондот за иновации. Компаниите кои добија поддршка од државата плаќаат данок дома и остваруваат раст на сите нивоа. Фирмите враќаа 5% од приходот назад во фондот за иновации, вели Деспотовски.
Директорот на Фондот за иновации обвинет од страна на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, дека недомаќински се работи со буџетот на фондот, изјави дека две меѓународни ревизорски куќи го контролираат трошењето на парите во фондот.
-Квартално се следат парите по одобрениот буџет, нема купување на луксузни возила и останати непотребни трошоци, вели Деспотовски.