Ако Мицкоски посакува криза, државата може да се движи во тој правец, но таква уцена би била неоговорна, ги коментираше директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, последните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
– Ако еден од клучните актери на политичката сцена, како што е Мицкоски, најавува или посакува политичка криза, тогаш несомнено државата може да се движи во тој правец. Носењето на одредени клучни законски проекти не може да биде изговор и не може да биде условувано или уценувано со политичка криза и со креирање на политичка криза. Тоа е неодговорно, да се закануваме со криза доколку не биде по наше – нагласи директорот на ФИТР Деспотовски за време на гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5.