Десет сообраќајни несреќи се случиле во Скопје во изминатото деноноќие, при што во четири полесно се повредени четири лица. Шест сообраќајки се со последица материјална штета.
Сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи под дејство на алкохол, тројца кои поминале на црвено светло на семафор, 18 без возачка дозвола, односно со нерегистрирано возило, а 16 при возење користеле мобилен телефон или не носеле сигурносени појас.Затекнати се и 64 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, во текот вчерашниот ден отстранети се 89 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и моторниот сообраќај.