Дерала: Собранието не е повеќе гласачка машинерија на потстанарот на Орбан

-Собранието се ослободи, повеќе не е гласачка машинерија на подстанарот на Орбан! – порача граѓанскито активист Џабир Дерала на вечерашниот марш под мотото „Чекориме за правда“.

-Тие што влечеа луѓе за уши и врат, што повикуваат на етничко чистење, што ги мразат своите комшии, тие повикаа на процедури. Ќе ни треба многу време да ги наброиме сите монтировки на сваровски судството. Не смее да се заборави кога човечките судбини беа запечатувани со еден тел повик од Фамилијата. Никогаш не смееме да заборавиме на жртвите на режимот кои минаа низ судско-полициските лавиринти, рече Дерала.

Тој порача дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја ангажирала сета партиска пешадија за да ги користат луѓето како топовско месо.

-Видовме дека режимот не се предава така лесно. Сега законот е тука, нека биде тоа уште еден поттик, нова енергија, им порача Дерала на СДСМ, потенцирајќи дека судството од денес има слобода, но и обврска да постапува професионално, а како што рече само така можеме да бидеме дел од ЕУ, а не со тефтерчињата и сваровски судството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e