-Режимот ја зароби и злоупотреби државата, а пред се полицијата, судството и медиумите.
Секој обид да се изрази поинакво мислење го санкционираа со апсења, тортура, монтирани судски процеси, линч во медиумите и на социјалните мрежи кој, за жал некои од нас сеуште ги доживуваат.
Притворот се претвори во казна, а затворските казни беа максимални и драконски, сомнителни и со отсуство на докази и, се разбира, наместени сведоци, рече Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ на отворањето на панел дискусијата на тема „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ што ја организира невладината ЦИВИЛ.