Деновиве вистинска пролет – Од четврток драстичен пресврт со времето

Денес во земјава ќе преовладува претежно облачно време. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 12 и 17 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно и тивко време. Во делови од котлината можна е појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, во наредните денови ќе следува стабилно и суво време. Исклучок ќе биде четврток, кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието, информираат од УХМР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e